Биди информиран за трошењето на јавните средства за локален развој
– лесно, отворено, отчетно, следливо и одговорно!
Платформата за отчетно следење на проекти за локален развој финансирани од Владата, со името „Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“, игра клучна улога во координацијата и мониторингот на различни инфраструктурни, социјални и економски проекти финансирани од Владата.
Целта на платформата е да осигура ефикасно управување со јавниот сектор, да ги подобри условите за лесно достапни, отчетни и следливи информации за граѓаните, а со тоа и подобрување на нивниот квалитет на живот, како и да го поттикне економскиот развој преку стратегиско планирање и реализација на проекти од јавен интерес.
Платформата е дигитален систем наменет за граѓаните, со цел да обезбеди поголема јасност, следливост и транспарентност преку целосен увид во трошењето на јавните средства и ефикасноста на владините инвестиции. Преку оваа платформа, секој може да следи кои проекти се активни, во која фаза се наоѓаат и кои институции се одговорни за нивната реализација.
Секој проект објавен на платформата содржи информации за неговата цел, планираниот буџет, роковите и тековниот статус. Граѓаните можат да ги следат фазите од почетното планирање до завршната реализација, како и да видат дали проектите се изведуваат согласно предвидените планови и финансиски рамки.
Со оваа иницијатива, Владата ја зајакнува транспарентноста и вклученоста на јавноста, овозможувајќи граѓаните да имаат активна улога во надгледувањето на проектите од јавен интерес.
Влада на Република Северна Македонија